Младиот фудбалер на Реал Мадрид, Марко Асенсио, ја освои Лигата на шампионите со својот клуб, доби повик од селекторот Хулен Лопетеги за настап во А-репрезентацијата на Шпанија, а потоа ќе игра и селекцијата до 21 година на Европското првенство во Полска. И повторно прв предизвик таму ќе му биде Македонија.
„Чест ми е што сум повикан во сениорскиот национален тим. По пријателскиот меч со Колумбија, јасно е дека сега не очекува многу значајно гостување во Скопје. Подготвени сме максимално и сакаме да ги освоиме трите бода во трката за пласман на Светското првенство во Русија“, изјави Марко Асенсио.
Фудбалската репрезентација на Шпанија утре пристигнува во Скопје, а в недела, со почеток во 20.45 часот, на арената „Филип Втори“ ќе ги одмери силите со Македонија. Главен судија на овој натпревар ќе биде полскиот арбитар Павел Гил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА