Играчот на ПСЖ, Марко Асенсио е пред преселба во англиската Премиерлига. Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид би можел да го облече дресот на Астон Вила, ако двете страни се договорат за транфер.
Шпанецот има договор со парискиот клуб уште година и пол, но веќе разговарал со раководството на францускиот првак, и изразил желба да си замине, во потрага по поголема минутажа.
Сезонава Асенсио има 16 меча за ПСЖ, во кој постигна два гола и запиша четири асистенции, но неговата минутажа е само 755 минути.
Тој дојде во ПСЖ од Реал Мадрид летото во 2023 година во трансфер вреден 25 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА