Младата ѕвезда на Реал Мадрид, Марко Асенсио, успешно е опериран по повредата на вкрстените лигаменти и менискусот на левото колено. Операцијата ја изведе д-р Мануел Лејес под надзор на медицинскиот тим на „кралскиот клуб“.
Асенсио ќе остане под болнички третман неколку дена, а потоа ќе биде испратен на домашно лекување. Ќе следи долг рехабилитациски процес, а тој ќе ја пропушти целата претстојна сезона.
Марко Асенсио сериозно се повреди на мечот против Арсенал од Интернационалниот куп на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА