Хрватскиот интернационалец, Марко Баковиќ и во следниот период ќе настапува во дресот на МЗТ Скопје Аеродром, откако го обнови договорот со актуелниот шампион на Македонија.
Станува збор за крилен центар, кој беше еден од најзаслужните за освојување на двојната круна во минатата сезона. Тој имаше забележителни партии и во АБА2-лигата, каде што на 16 меча на кои настапи просечно реализираше 11,3 поени заедно со 4,9 скока. Баковиќ во Аеродром дојде од таборот на Цибона, а претходно има играно за Горица како и за исландскиот тим Тор.
Хрватот е осмиот кошаркар под договор за претстојната сезона, а трет кој летово ја обнови соработката, по браќата Дамјан и Војдан Стојановски. Нови играчи на МЗТ се и засилувањето од САД, Брандон Слај, како и староседелците Бојан Крстевски, Марин Петков, Андреј Андоноски и Марко Миловановиќ, а во следниот период ќе бидат објавени имињата на уште нови засилувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА