Марко Блажевски доминираше на Ред Бул Ринг патеката во Австрија каде викендов се возеа две трки од Twingo Cup, и со две победи го презеде водството во генералниот пласман на првенството на Македонија.
Блажевски беше блиску и до триумф на втората трка во генерален пласман но, поради гужвата на патеката од заостанати возила го загуби лидерското место. За Блажевски ова е вторпат во кариерата да се искачи на подиумот во генерален пласман на Twingo Cup каде сезонава настапуваат над 30 возачи од неколку земји.
Најинтересна беше втората трка, на која до последниот круг Блажевски беше лидер, но поради гужва на патеката со возилата тој заостануваат тој ја загуби лидерската предност и на целта стигна како третопласиран во конкуренција на 31 автомобил.
Одлично се држеше Блажевски на целата трка и од самиот почеток од петтото место изби во Топ-3 и поголем дел беше лидер.
На подиумот во првенството на Македонија се искачија и Владимир Тренески кој беше второпласиран и Ангелче Стојковски кој го освои третото место.
“Имав одличен викенд и штета е што не победив. Во над 70 отсто од трката бев во водство, но поради гужва од заостанатите возила на еден свиок бев престигнат. Но, сега сите добро ме запознаа и мене и другите возачи од Македонија и на следните трки сигурно ќе бидеме уште подобропласирани” изјави Блажевски по победата на втората трка.
Тој сега е лидер во првенството на Македонија со 55 бода од четири трки, од што двапати победуваше и еднаш беше второпласиран.
За Ангелче Стојковски ова е прво искачување на подиумот сезонава, а лани двапати се искачуваше на трките меѓу тројцата најдобри. Пех на втората трка имаше Давид Малинковски, победникот на втората трка во Унгарија. Тој беше второпласиран на првата трка утринава, но сега имаше проблеми со автомобилот и на крајот мораше да се откаже.
Одличниот викенд во Австрија почна со шампањаско и победа за Марко Блажевски, кој ја потврди добрата форма и мотивација. Откако во квалификациите го освои четвртото место и беше најдобро пласиран Македонец на првата трка Блажевски го освои петтото место во генерален пласман и беше победник во првенството на Македонија.
За разлика од квалификациите кои се возеа по сончево и суво време, цела ноќ во Шпилберг врнеше дожд и утрината на патеката имаше пониска температура.
Трката првично требаше да се вози вчера, но поради неколкуте други откажувања на трките и одложувања, Twingo Cup требаше да се вози многу доцна, па беше решено двете трки да се преместат за денеска.
На подиумот во првенството на Македонија на првата трка се искачија и Давид Малинковски кој беше второпласиран и Слободан Трајковски на третото место. За Трајковски ова е прв подиум сезонава, додека Малинковски на сите три досегашни трки се искачуваше на подиумот.
Следната трка се вози на 23 и 24 јули во Хрватска на патеката Гробник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА