Едно од најголемите пливачки имиња на Македонија во историјата, Марко Блажевски е примен во „Куќата на славните“ на Вингејт Универзитетот во САД.
За своите огромни пливачки заслуги за Универзитетот, но и како македонски репрезентативец и олимпиец, Блажевски доби место меѓу најголемите спортиски имиња кои излегле од Универзитетот Вингејт во САД.
Блажевски не само што имаше неверојатна кариера во Вингејт, туку ја претставуваше и Македонија на Летните олимписки игри во 2012 и во 2016 година. Во 2012 година, Блажевски беше и знаменосец за Македонија за време на церемонијата на отворање на Олимписките игри во Лондон.
Во Вингејт, Блажевски беше трикратен национален шампион и 16 пати „Ол-Американ“, освојувајќи 12 трофеи во првиот тим за својот Универзитет. Тој во три наврати беше избран и во најдобриот тим на „Академскиот Ол стар“ на САД. Блажевски ги предводеше Булдозите до четири едноподруго титули во својата конференцијата од пливачките натпреварувања на САД, собирајќи девет титули на БМЦ, заедно со четири втори места. Тој ги предводеше Булдозите и до четири едноподруго национални пласмани меѓу првите 10, вклучувајќи две едноподруго петти места на националниот шампионат во 2011 и 2012 година.
„Навистина ми е чест што сум примен во Куќата на славните на Универзитетот Вингејт. Дојдов во Вингејт на 17 години, а си заминав како зрел човек со појасна визија за тоа што сакам да постигнам во животот. Благодарен сум им на моите тренери Кирк Саноки и Ден Кеслер, на моите тимски колеги и на моите професори што го обликуваа тоа патување и ме поддржуваа на патот на успехот. Ова признание е одраз на сите тие луѓе и на посебната заедница во Вингејт“ – истакна Марко Блажевски на свечената церемонија во САД.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

