Македонскиот олимпиец Марко Блажевски постави нов апсолутен рекорд на Македонија во пливачката дисциплина 100 метри – градно, постигнат на американскиот Зимски национален шампионат во 50-метарски базен кој се одржува во Гринсборо.
Блажевски најпрво рекордот го собори во квалификациските трки со време од 1:03.27 минути, што е подобрување за 30 стотинки во однос на претходниот државен рекорд кој исто така беше во негова сопственост постигнат во 2016 година во Лондон. Ова е во исто време исполнување и норма за изборниот натпревар за ЛОИ 2020.
Но, не беше со тоа крај на соборувањето на рекордите за Блажевски во оваа дисциплина. Преку квалификациите се избори за Б финале каде, пак, исплива со време од 1.03.05, што е новиот рекорд на Македонија а со кој заврши на 6. место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА