Марко Бориело ќе игра фудбал на Ибица

Марко Бориело долго време играше фудбал на високо ниво, па сега на 36-годишна возраст сака малку повеќе да ужива пред и официјално да каже крај на професионалната кариера. Токму затоа ветеранот реши кариерата да ја продолжи во Шпанија, и тоа токму во екипата на Ибица, за да настапува на островот познат по богатиот ноќен живот и лудите забави.

Станува збор за екипа што е дел од третата шпанска лига, а одлуката паднала откако Бориело бил на одмор на Ибица, таму се сретнал со челниците на клубот и експресно бил постигнат договор за соработка.

Деталите не се откриваат во јавноста, но Ибица преку својот твитер-профил го потврди новиот трансфер, со прашање до фановите: Кој е нашиот нов напаѓач?

Марко Бориело минатата сезона ја мина во СПАЛ, откако овој клуб му плати Калјари еден милион евра за неговиот трансфер.

 

Се вчитува...