Марко е новиот херој за Децата со ретки болести: Пејчиновски успешно го заврши пливањето на релација Охрид-Струга-Охрид

Марко успешно го заврши пливањето посветено на Децата со ретки болести. Релацијата Охрид-Струга-Охрид ја преплива за 9 часа и 6 минути.

Како што беше најавено во изминативе денови, Марко Пејчиновски денеска го започна пливањето посветено на децата со ретки болести во 07:18 часот, а по уште една успешна мисија, тимот на Марко им се заблагодари на сите фанови за големата поддршка.

Претходно, Марко направи уште еден подвиг, откако преплива од Охрид до Св. Наум на 3-ти јули во чест на празникот посветен на „Преподобен Наум Охридски Чудотворец“ кој се празнува на тој ден, и стана најмладата личност која ја препливала оваа патека за време од 7 часа и 15 минути.

Се вчитува...