Maрко Ѓорѓиевски е нов фудбалер на Клуж

Најдобриот стрелец сезонава во Првата македонска фудбалска лига, одличниот напаѓач кој ги бранеше боите на Силекс, потпиша со романскиот вицешампион Клуж.

Ѓорѓиевски во Романија заминува по феноменалната сезона која ја имаше во ПМФЛ, каде ја освои „златната копачка“ и го водеше Силекс до второто место на првенствената табела.

Со тимот на Клуж, Ѓорѓиевски ќе игра во квалификациите за Лигата на Европа каде е меѓу носителите во првото квалификациско коло.

Претходно во кариерата беше дел и од: Вардар, Борец, Шкупи и АП Брера.

Се вчитува...