Марко Ѓорѓиевски го напушти Клуж и потпиша за Херманштад

Марко Ѓорѓиевски, високиот напаѓач кој пред неколку месеци направи трансфер во Клуж, е нов играч на Херманштад. Овој трансфер е изненадување, ако се има во предвид дека пред само неколку месеци екс членот на младата репрезентација пристигна во романскиот шампионат.

Ѓорѓиевски потпиша тригодишен договор за Херманштад, во последните часови од преодниот рок. 25-годишниот голгетер постигна седум голови за младата селекција на Македонија, а во минатото играше во Вардар, Борец, Шкупи, Брера и Силекс, а беше дел и од Вождовац и Раднички во Србија.

Тој одигра само 11 меча за Клуж во сите натпреварувања откако пристигна во овој клуб.

Се вчитува...