Чуварот на мрежата на Македонија ЃП, Марко Јовановски оптимистички е расположен пред утрешниот реванш натпревар од квалификациите во ЛЕ кој „лавовите“ ги очекува против ерменски Алашкерт.
И покрај негативата (1-3) од првиот меч, во таборот на Македонија ЃП веруваат дека може да се стигне до позитивен резултат.
„Потребна ни е победа од 2-0 за да дојдеме до следното квалификациско коло. И, не е тоа неостварливо. Ќе се трудиме да не правиме грешки, со смирена игра можеме да стигнеме до успех. Европските дуели се секогаш предизвик. Верувам дека со максимален ангажман на секој поединец од тимот можеме и до следната рунда натпревари“ – вели Јовановски.
Натпреварот меѓу Македонија ЃП и Алашкерт се игра утре од 16:30 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА