Македонскиот интернационалец Марко Јовановски останува во Романија, но отсега ќе го носи дресот на прволигашот Сепси. Тој настапуваше за романскиот второлигаш Орадеа, но доби повик од Сепси и ја прифати понудата да се пресели во редовите на овој клуб. Јовановски потпиша договор до крајот на сезоната, плус дополнителни две години соработка.
Тој во Македонија беше член на Пелистер, Шкендија, Тетекс, а својата кариера ја започна во Вардар. Во Сепси, Марко Јовановски ќе биде соиграч со уште двајца македонски интернационалци, Марко Симоновски и Милован Петровиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА