Марко Луканоски и Стефан Стојковиќ добија повик од селекторот Илиевски да му се приклучат на сениорскиот состав кој е на средина од подготовките за настапите во втората фаза од претквалификциите за пласман на Светскиот Куп во 2027 година.
Според оние статистички податоци од ЕП од Дивизијата „Б“ во Ерменија, Марко Луканоски, кој е дел од генерацијата на играчи родени 2006 година, беше прво име во нашиот младински тим.
Првенството го заврши со просек од 14.4 поени, 9.4 скока (четвртти скокач на првенството) и 2.6 асистенции, и ќе ја засили центарската линија која во овој момент е некако и најдефицитарна во ростерот.
Стојковиќ, е исто така, играч од генерацијата 2006, доаѓа кај сениорите со просек од 11.7 поени, 7.3 скока и 2.4 асистенции на штотуку завршениот шампионат за кошаркари „Под 20“ години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

