Македонскиот јуниорски репрезентативец Марко Луканоски го комплетираше извонредното лето со одличен трансфер, откако младиот центар денеска потпиша договор со Игокеа.
Луканоски во последната сезона го носеше дресот на Вардар настапувајќи во Првата лига, а летово беше еден од лидерите во извонредниот настап на јуниорската репрезентација, која обезбеди промоција во А-дивизијата, а Луканоски беше избран за најдобар центар на шампионатот во Скопје.
Тоа беше доволна препорака за раководството на Игокеа да тргне во офанзива ии денеска да потпише договор со Македонецот. Според првичните информации, предвидено е Луканоски заедно со Тарик Хреља, кој денеска исто така потпиша договор со Игокеа, сезонава да настапуваат за јуниорскиот тим, со кој би се натпреварувал во Младинската Лига на Шампиони, потоа јуниорската АБА лига, како искуство за предизвиците што ќе следат во натамошниот дел од неговата кариера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА