Хрватскиот интернационалец Марко Мартинага заминува од Академија Пандев и за следната сезона се враќа во својот роден крај каде ќе го носи дресот на Славен Белупо, потврди хрватскиот прволигаш.
Левиот бек во македонското првенство помина две сезони носејќи го дресот на Вардар и Академија Пандев. Претходната сезона одигра 31 натпревар за струмичани, а постигна еден гол и забележа две асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

