Македонскиот репрезентативец Марко Митев, успешно е опериран по тешката повреда на коленото здобиена на натпреварот против Словенија во рамките на квалифкациите.
Митев на мечот со Словенија ги скина лигаментите на десното колено, со што сега следува период на рехабилитација и потоа враќање на терените кое ќе биде за околу 5-6 месеци.
Според информациите, операцијата минала успешно, со што останува само да се рехабилитира, потоа да почне со полесни тренинзи, и полека да се враќа во целосен тренажен процес пред да се врати на терените.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА