Најдобриот алпски скијач на денешницата Марко Одермат стигна до нова победа во сезоната во Светскиот куп откако денеска славеше на велеслаломската трка во бугарскиот ски-центар Банско.
Швајцарецот до победата стигна со вкупно време од 2:15.75 минути што беше за огромен 91 стоти дел од секундата подобро од второпласираниот Норвежанец, Александер Стен Олсен. Подиумот го надополни Мануел Фелер од Австрија кој доцнеше 1.08 секунда зад времето на победникот.
Утре во Банско е закажана слаломската трка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА