Македонскиот супер-херој Марко Пејчиновски, препознатлив по неверојатните подвизи кои ги остава зад себе уште од најмала возраст со препливување на Охридското езеро, сега е пред нов супер-предизвик – модифицираниот „Ајронмен“ (Ironman) триатлон.
Утре, на големиот празник – Голема Богородица, Марко го очекува неверојатен предизвик со кој уште еднаш ќе го запише своето име во аналите на македонската историја.
„По месеци напорни тренинзи, по многу падови, повреди и искушенија – конечно дојде моментот за мојот модифициран Ironman триатлон. За тие што сè уште не знаат што ќе правам, на 28 август со почеток од Св. Наум ќе трчам до Струга, потоа со велосипед од Струга ќе се вратам во Св. Наум и за крај со пливање ќе се упатам кон Охрид за вкупна бројка од 107 километри“ – вели Марко во својата најава на новиот подвиг притоа дополнувајќи:
„Можеби се прашувате зошто го правам ова? Целта е потрага по желба за живот. Пред една година бев загубен по патот на животот, како и многу други. Со ова сакам да им покажам и да ги инспирирам дека има подобро утре. Со вера во Бога и упорност ќе успеете. Сакам да изразам благодарност до сите вам кои ми ја давате вашата безрезервна поддршка. Целиот триатлон ќе биде документиран на моите социјални мрежи, и затоа заследете ме, споделете го ова видео и се надевам дека ќе ве видам во што поголем број на целта“.
КОМПЛЕТНОТО ОБРАЌАЊЕ НА МАРКО ПЕЈЧИНОВСКИ МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

