Марко Ројс одби да игра на ЕВРО 2020 (ФОТО)

Германскиот фудбалски репрезентативец, Марко Ројс го одбил повикот на селекторот Јоаким Лев да учествува на Европското првенство.

Фудбалерот на Борусија Дортмунд објави дека сака да се посвети на одмор и на подготовки за следната сезона.

„Одлуката беше тешка бидејќи секогаш сум горд кога го носам дресот на репрезентацијата. Меѓутоа, ова беше тешка година за мене личен и играчки план. Одлучив дека на моето тело му треба одмор. Паузата ќе ја искористам да во што подобра форма ја дочекам новата сезона“, напиша Ројс. 

 

Се вчитува...