Германскиот репрезентативец Марко Ројс се согласи да потпише нов договор со Борусија Дортмунд според кој ќе остане во клубот до 2023 година. Тој не ги напушта „милионерите“ и им пркоси на понудите кои доаѓаат од Англија, каде за него се заинтересирани Тотенхем, Арсенал, како и италијанскиот калчолигаш Милан.
Раководството на Борусија Дортмунд успеа да го убеди Марко Ројс да потпише нов договор, и да ја продолжи соработката за нови четири сезони. Актуелниот договор имаше важност до јуни 2019 година.
„Среќен сум и горд што го носам дресот на Борусија Дортмунд и со радост можам да објавам дека и понатаму ќе играм за овој клуб. Дортмунд е мојот дом, а Борусија е мојот клуб. Од 2012 година го носам дресот на клубот и ќе го носам уште долго. Уште како дете сонував за ова“, изјави Ројс откако го продолжи договорот со клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА