Напаѓачот на Борусија Дортмунд и германски репрезентативец, Марко Ројс, успешно е опериран, откако ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото, на финалниот меч од Купот на Германија. Тој истакна дека се чувствува добро и дека планира да се врати на терените до Нова Година.
„Сакам да ги поздравам сите фанови, и љубителите на фудбалот, сите кои ми дадоа поддршка во овие тешки моменти. Операцијата мина добро и веќе се опоравувам. Ќе бидам силен во овој период што следи, и знам дека ќе се вратам на терените подобар од претходно. Верувам дека ќе бидам повторно на теренот до Нова Година. Сакам да им посакам многу среќа на моите колеги од репрезентацијата на мечот со Сан Марино, но и на Купот на конфедерациите“, истакна Марко Ројс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА