Англискиот премиерлигаш Ватфорд ја договори соработката со Марко Силва, кого ќе го именува за нов менаџер на тимот, откако на крајот од сезоната се раздели со италијанскиот стратег Валтер Мацари. Марко Силва беше на кормилото на Хал сити, кој испадна од елитата, но младиот португалски стручњак покажа дека може квалитетно да предводи состав во Премиер – лигата.
Тој во јануари потпиша шестмесечен договор со Хал сити, кој истече на крајот од сезоната, па раководството на Ватфорд ќе го ангажира без никакви обврски кон неговиот досегашен клуб. За Марко Силва се интересираа и Порто и Кристал Палас, но се чини дека Ватфорд реагираше најбрзо и успеа да го договори неговото доаѓање во клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА