Англискиот премиерлигаш Евертон ја договори соработката со Марко Силва како свој нов менаџер, а треба ова да го потврди и официјално до крајот на оваа седмица. Како што информира „Скај Спортс“, Евертон веќе го договорил сите услови со португалскиот стратег, кој треба да биде наследникот на Сем Алардајс на клупата на „карамелите“.
Марко Силва треба да потпише петгодишен договор со Евертон, а сопственикот Фарад Мошири верува дека тој би можел да го води тимот долг временски период, дури и до отворањето на новиот стадион вреден 500 милиони фунти, кое се планира за сезоната 2022/23.
Евертон дефинитивно останува без Вејн Руни, кој веќе отпатува во САД за комплетирање на трансферот во МЛС-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА