Македонскиот интернационалец Марко Симоновски доби црвен картон на своето деби за тимот на кипарски Енозис, во рамките од натпреварот од Купот против Етникос Ахна.
Сепак, исклучувањето на Симоновски беше пред самиот крај, кога мечот беше решен, а изненадувачки го доби тимот на Енозис со 1-2. Ова е изненадувачки резултат ако се има во предвид фактот дека Енозис нема ниту една победа во кипарскиот шампионат, а се пласираше во 1/4 финалето на Купот.
Енозис го промовираше и Бојан Маркоски за нов тренер, а Симоновски влезе во вториот дел. Во следните денови за овој тим треба да потпише и Демир Имери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

