Марко Трајановски освои злато на МФЦ 21 во Црна Гора

Македонскиот ММА борец, Марко Трајановски освои златен медал на МФЦ 21 (Montenegro Fighting Championship) кој се одржа вчера во Бар, Црна Гора.

По доминантната победа над претставникот на Австрија, Франческо Батистата, во финалето Трајановски се соочи со домашниот борец Алекса Зујовиќ во категорија до 88.4 килограми.

На крај славеше убедлива победа во финалето за освоен златен медал. Извојува голема победа против домашната ММА ѕвезда уште еднаш потврдувајќи го претходно освоеното европско злато со што цврсто чекори во светските ММА височини.

Вања Гавриловски, пак, во категорија до 70.3 килограми, не успеа во финалето против уште еден домашен репрезентативец Урош Вучиниќ.

Се вчитува...