Марко ван Бастен ја напушта функцијата технички директор во Светската фудбалска федерација (ФИФА). Легендарниот холандски фудбалер на оваа позиција беше назначен пред две години.
Од ФИФА ја потврдија веста и информираа дека со Ван Бастен се разделуваат на пријателски начин.
Поранешниот холандски репрезентативец, официјално, се повлекува од приватни причини бидејчи сакал да биде поблиску до своето семејство во Амстердам.
„Марко одигра важна улога во возобновувањето на врските на институцијата со техничката заедница“ – изјави генералниот секретар на ФИФА, Звонимир Бобан, поранешен соиграч на Ван Бастен во Милан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА