Искусниот српски интернационалец, Марко Вујин е пред заминување од РК Вардар. Вујин во Вардар стигна на стартот од сезоната од редовите на Спортинг Лисабон како големо засилување и со македонскиот шампион потпиша двогодишен договор.
Сепак, очигледно беше дека не е доволно физички подготвен и не ги оправда очекувањата, па поради тоа е пред заминување од „црвено-црните“.
Стевчо Алушовски како опции на десен бек ги има Јагуриновски и Векиќ, но најверојатно повторно ќе се одлучи за Иван Чупиќ на бек, нешто што го гледавме и претходните натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА