Од петок до недела (14-16 јуни), во спортскиот центар што го носи неговото име во скопската населба Ново Лисиче, ќе се одржи третото издание на меморијалниот турнир посветен на прерано починатиот ракометар Марко Божиновски, кој воедно беше и голем навивач на МЗТ Скопје Аеродром.
Ќе настапат осум екипи меѓу кои половина се надвор од Македонија и тоа Војводина (Србија), Морнар (Црна Гора), СЗКЦ (Унгарија), Коњух (БиХ), заедно со Бутел, Алкалоид, Вардар и Пелистер.
„Ве покануваме во што поголем број да дојдете на трибините на теренот во Ново Лисиче со цел достојно да му оддадеме чест на нашиот прерано заминат Марко, кој почина во сон од ненадеен срцев застој“, порачуваат од организаторот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА