Фудбалската репрезентација на Македонија со тешка победа над Малта од 2-1 ги почна квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година во Германија.
Селекторот на Малта, Микеле Марколини по натпреварот вели дека влегувањето на Дарко Чурлинов во игра го промени мечот.
„Единствена работа вечерва која што не е добра е резултатот. Одигравме одличен натпревар против одличен тим. Кога Чурлинов влезе го промени мечот. Сепак, сум многи горд на моите фудбалери кои одиграа одличен меч. Имавме убави шанси да стигнеме и до поволен резултат, но на крајот не успеавме. Имаме многу тешка група и нема да биде лесно да стигнеме до бодови. Вечерва игравме со нашите срца и се надевам дека секој што ќе игра против нас ќе му биде тешко“, изјави Марколини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА