Маркос Алонсо: Ако го пуштите Меси само еден метар, тој ќе ве казни со гол

Челси доживеа елиминација во осминафиналето на Лигата на шампионите, откако вечерва загуби со убедливи 3-0 на „Камп Ноу“ против Барселона. Лионел Меси со два гола и една асистенција беше играч на натпреварот, а колку Аргентинецот е надмоќен во играта говори и изјавата на Маркос Алонсо, левиот бек на англискиот тим.

„Знаевме дека ќе играме против врвни фудбалери. Ако на Лионел Меси му дозволите да побегне само еден метар, тој ќе ве казни со гол. Мислам дека го дадовме максимумот, а реално немавме и среќа, затоа што три пати го погодивме дирекот (четири пати на двата меча) и имавме многу шанси кои не успеавме да ги реализираме. Сепак, мора да бидеме реални и да кажеме дека Барселона беше подобра и заслужи да се пласира во четвртфиналето“, изјави Маркос Алонсо.

 

Се вчитува...