Маркос Алонсо пред кам-бек во Премиерлигата

Дефанзивецот на барселона, Маркос Алонсо е пред враќање во Премиерлигата. 32-годишниот лев бек добил понуда од екипа од Англија, и во моментов размислува дали да ја прифати.

Алонсо пристигна во Барселона минатото лето, но не успеа да се наметне кај тренерот Чави. Одигра 37 меча во сите натпреварувања, но во многу влегуваше како резерва. Се чини дека дефанзивецот не е во опција ниту оваа сезона, и затоа нема да биде за изненадување ако се врати во Англија.

Тој во голем дел од кариерата играше во Англија, беше дел во Болтон, Сандерленд и Челси. Најдолго остана дел од лондонските сини за кои одигра 212 натпревари, постигна 29 гола и запиша 23 асистенции.

Се вчитува...