Маркос Багдатис на Вимблдон ќе ја заврши тениската кариера

Со емотивно писмо во кое ги објаснува причините, кипарскиот тенисер Маркос Багдатис најави дека по годинашното издание на Вимблдон завршува со активниот играње. Тој е особено благодарен на организаторите на третиот годинашен грен-слем кои преку вајлд карта за главната ждрепка му овозможиле на најдобар начин да ја заврши кариерата.

„Ова беше тешка одлука за мене. Но, сфатив дека морам затоа што тие желби не кореспондираат со можностите на моето тело. Не можам да игра на потребното ниво. Последните две години ми беа особено тешки исполнети со повреди и болки“ – напиша Багдатис.

Најголемиот успех на Маркос Багдатис е пласманот во финалето на Австралија Опен во 2006 година, има четири титули, највисок пласман на АТП листата му беше осмото место. Тој е оженет со поранешната хрватска тенисерка Каролина Шпрем со која го очекуваат третото дете.

 

 

Се вчитува...