Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Маркос Рохо, потпиша нов, тригодишен договор со клубот, со кој ќе се задржи до 2021 година. Во договорот на Рохо постои и опција за продолжување на уште една година.
„Уште кога прв пат пристигнав тука, се што очекував од овој клуб се оствари, дури и повеќе од тоа. Пресреќен сум што и натаму ќе го носам црвениот дрес. Напорно работам да се вратам на теренот, ја имам целата поддршка од клубот и тренерот. Мојата цел кога пристигнав тука беше да помогнам на клубот да освојува трофеи, заедно го постигнавме тоа и се надевам дека ќе освоиме многу повеќе“, истакна Рохо.
27-годишниот аргентински дефанзивец одигра вкупно 105 натпревари за „црвените ѓаволи“, откако на „Олд трафорд“ пристигна од редовите на Спортинг Лисабон за 18 милиони фунти во 2014 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА