ЕКИПА во Вараждин,
Стеван Цаневски
Се е подготвено за завршниот чин од македонскиот настап на СП 2025, мундијал на кој нашите ракометари оставија одличен впечаток со две победи, две реми и само еден пораз во досегашните натпревари.
Завршниот тест се чини и најтежок, ако се знае дека вечерва (20.30 часот) за противник ќе ја имаме Франција, но македонските ракометари делуваат мотивирано, без преголем резултатски притисок да го дадат најдоброто од себе и на овој натпревар.
„Мораме одиграме најдобро, ќе дадеме се од себе да оствариме добар резултат. Тешко е да се изненади една Франција која е фаворит за медал, но не треба да ја губиме желбата и мотивот. Останува да одиграме во ист стил како целиот шампионат. Не се знае никогаш, можеби ќе бидат опуштени бидејќи се пласираа во четвртиналето, па ќе можеме да го искористиме тој момент“, изјави Никола Маркоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА