Работнички неочекувано претрпе пораз од убедливи 3-0 на гостувањето во Белорусија против Торпедо, со што „романтичарите“ сериозно си ги намалија шансите за пласман во следната фаза.
Тренерот Бојан Маркоски не го криеше разочарувањето од конечниот исход, истакнувајќи дека негативата од три гола е нереална слика за случувањата на теренот.
„Беше тоа тежок натпревар и убедлив пораз за нас, а според мое мислење не заслуживме таков пораз од 3-0. Противникот беше поискусен тим, знаеше тоа да го искористи, го отвори резултатот од корнер, од воиграна акција која пред мечот им ја напоменавме на играчите. Првите 15 минути имаа контрола, потоа беа и многу подобар тим. Ние имавме една шанса пред крајот на првото полувреме која требаше да ја реализираме. Го започнавме вториот дел подобро, но имаше две ситуации во кои не реагиравме најдобро и тие постигнаа уште два гола. Еден шут заврши во мрежата, а во судиското продолжение беше неприфатливо да примиме уште еден гол. Но, има уште еден натпревар во кој ќе се обидеме да ја надоместиме негативата, не се откажуваме, ќе го дадеме максимумот“, изјави Маркоски на прес-конференцијата по натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

