Маркоски: Словенија ќе игра брзо, на нас е да ги запреме

mec baner

Велко Маркоски се уште има проблеми со повредата на грбот, но одличниот дефанзивец ќе стисне заби и денеска да помогне во одбраната против одличната офанзивна селекција на Словенија.

„Се уште чувствувам болка, но далеку сум подобро отколку по мечот со Тунис. Ќе играм и ќе сторам се за да помогнам да победиме, тоа би бил извонреден резултат“ – изјавува Маркоски во пресрет на денешниот натпревар.

Овој ракометар има и најсвежо искуство од работата со Веселин Вујовиќ, кој до неодамна му беше тренер во екипата на Загреб.

Вујо е одличен мотиватор, но и тактичар, тоа се гледа и од работата во словенечката репрезентација. Она што ќе се обидат да го наметнат против нас е брза игра, со многу контри и полуконтри кои се заштитен знак на Словенија во последниот период. На нас е да ги запреме, бидејќи ако ги доведеме во ситуација да играат позиционен напад, верувам дека со густа зона ќе ги неутрализираме. Со тоа, значително би си ги зголемиле шансите за победа, нешто за што верувам дека сме способни“ – истакна предводникот на македонската одбрана.

Се вчитува...