Маркоски: Веруваме дека можеме да направиме чудо

Македонскиот фудбалски прволигаш Работнички ќе има тешка задача утре на домашен терен во реваншот против Торпедо откако на првиот натпревар загуби со 3-0.

Сепак, тренерот на „дебар маалци“, Бојан Маркоски не се откажува и верува дека утре е возможно чудо.

„Познато е дека имаме негативен резултат од првиот меч од 3-0, но според играта не заслуживме да биде така.Сепак со ривали од типот на Торпедо, секоја грешка се казнува што го почуствувавме ние на своја кожа. Фудбалот е интересна игра, не ретко се случуваат чуда, не се предаваме, максимално сме спремни, и утре ќе дадеме и повеќе од максимум за да пробаме да ја анулираме негативата од првиот меч. Секакако дека ќе биде тежок меч, знаеме што не очекува, играме против силна и искусна екипа. Сепак мора да биде максимално сконцентрирани, мотивирани и да гледаме напред. Ако тргне според планот што го имаме се може да се случи. Секако дека ќе го дадеме својот максимум да ја израдуваме публиката утре што ќе дојде на стадион. Независно е како ќе биде на полувреме, важно е да имаме активенн резултат. Да бидеме паметни и мудри. Топлото време може да биде предност за нас“, вели Маркоски.

Слично размислува и искусниот Бесир Демири.

„Знаеме дека мораме подобро од првиот меч во Унгарија. Торпедо-Белаз е квалитетен тим, но мислам дека ние можеме да одиграме многу подобро отколку првиот меч. Ако ги сведеме нашите грешки на минимум, и ако ги исполниме во целост тактичките замисли на стручниот штаб, можеме да се надеваме на многу подобар резултат“, вели Демири. 

Натпреварот на арената „Тодор Проески“ во Скопје е закажан со почеток во 18 часот.

Се вчитува...