Екипата на Тиквеш го именуваше новиот тренер кој ќе ја води екипата во наредната сезона, откако Раде Стојановиќ реши да го напушти кормилото на кавадаречкиот суперлигаш и се пресели во Тримо Требње во Словенија.
Наследник на Стојановиќ ќе биде искусниот стратег од БиХ, Драган Марковиќ, кој потпиша двогодишен договор со македонскиот суперлигаш. Станува збор за стратег со богато искуство во регионот, кој доаѓа во Тиквеш од кормилото на Динамо Панчево, тим со кој минатата сезноа го освои четвртото место во српската прва лига.
Марковиќ претходно пет години беше и селектор на БиХ, а од меѓународните ангажмани меѓу другото има работено и во Германија и во Полска.
Се очекува Тиквеш наскоро да почне и со засилувања на играчкиот кадар, особено ако се знае дека кавадаречкиот клуб веќе остане без услугите на голманот Гемаљевиќ и пивотот Стефановиќ, кои си најдоа нови клубови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА