Маркоски: Не му дадовме никакви шанси на Катар

ЕКИПА во Вараждин,

Стеван Цаневски

Македонската ракометна репрезентација забележа голема победа на Светското првенство совладувајќи го Катар со 39-34 во натпревар во која избраниците на селекторот Лазаров имаа потполна контрола од почетокот до крајот на средбата.

Задоволство од триумфот покажа и еден од најискусните во составот, Никола Маркоски кој вели дека тимот бил добро подготвен за предизвивкот.

„Одигравме еден меч на кој дојдовме до победа, не дозволивме ривалот во ниту еден момент сериозно да ни се доближи. Од Катар не успеаја да не изненадат со нивната игра, гледавме видеа и добро се спремивме. Не видовме ништо ново од нив, добро си ја спремивме одбраната и дојдовме до бодови со висок број на постигнати голови“, изјави Маркоски.

Се вчитува...