Македонскиот тенисер Обрад Марковски заедно со Никола Јовиќ од Србија загубија во финалето во игра на двојки на ИТФ фјучрс турнирот М15 во Куршумлијска Бања, Србија.
Марковски и Јовиќ во финалето беа поразени од третите носители Николас Бруно од Чиле и Латуро Аугустин Фалабеа од Аргентина со 2-0 во сетови (7-6 (5) и 6-3). Ова за Марковски беше исклучително важен настап во конкуренција на двојки особено што минатата година на истиот турнир ја освои титулата.
На патот до финалето македонско-српската комбинација Марковски – Јовиќ во првата рунда беа сигурни против Винсент Јохан Страуч (Германија) и Николас Ван Акен (Јужна Африка) и го совладаа со 2-0 во сетови (62 62). Во четвртфиналето беа подобри од Виктор Марков од Бугарија и Амадор Салазар од Чиле, а во полуфиналето славеа против тенисерите од Чиле, Алехандро Банкалури и Бенџамин Игнасио Торес Фернандес со 2-0 во сетови (6-1, 6-1).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

