Марковски се пласираше на главниот турнир во Куршумлијска бања

Македонскиот тенисер Обрад Марковски успеа да се пласира на главниот турнир во Куршумлијска бања, кој се игра за награден фонд од 15.000 долари, откако денеска во финалето од квалификациите го победи Шин Хес од Аргентина (11.носител) со 2-0 во сетови (7-5, 6-3). Така македонскиот тенисер со сигурни три победи успешно ги мина квалификациите.

Марковски претходно во првото квалификациско коло го надигра домашниот тенисер Лука Маџаревиќ (Србија) со 2-0 во сетови (6-3, 6-0), а во втората квалификациска рунда беше поуспешен од седмиот носител Игнасио Антонио Бечера Отапола со 2-0 во сетови (6-1, 6-4).

Противник во првото коло ќе му биде Георги Георгиев од Бугарија.

Се вчитува...