Маркус Ајзенбихлер е светски шампион во ски-скокови

Маркус Ајзенбихлер ја освои  титулата во скијачки скокови на Светското нордиско првенство што се одржува во австрискиот Зефелд. Тој имаше скокови од 131,5 метар во првата и од 135,5 метри во втората серија, вкупно собра 279,4 бода и беше уверлив во триумфот пред сонародникот Карл Гајгер кој со должините од 131 и од 131,5 метри го освои среброто.

Изненадување на денот на скокалницата во Инсбрук беше Швајцарецот Килиан Паер кој водеше по првата серија , а на крајот заврши со бронзениот медал.

Главните фаворити, лидерот во  Светскиот куп и победник на турнејата „Четири скокалници“, Рјоју Кобајаши како и Камил Штох и Штефан Краф останаа без медали. Јапонецот беше на несреќното четврто место, Штох петти, а Крафт шестопласиран.

 

Се вчитува...