Маркус Рашфорд им се извини на навивачите на Јунајтед: Ви ветувам, ќе бидам подобар

Маркус Рашфорд напиша емотивно извинување до навивачите на Манчестер Јунајтед на социјалните мрежи по катастрофалниот пораз на 6-1 од Тотенхем на „Олд Трафорд“. За Јунајтед ова е израмнување на негативниот рекорд во висина на пораз во целото постоење на Премиер-лигата.

„Пред се јас сум навивач на Манчестер Јунајтед. Горд сум што го носам овој дрес, но нема оправдувања. Едноставно не беше доволно добро. Многу ми е жал. Заслужувате многу подобро од ова. Сакав да бидам подалеку од социјалните мрежи, но треба да зборуваме и во добрите и во лошите моменти. Нема криење. Се чувствувам ужасно и ви ветувам дека ќе бидам подобар“ – напиша Рашфорд.

По три одиграни кола во Премиер-лигата, Манчестер Јунајтед има само три бода со кои е на 16. место. Следен натпревар е пресметката со Њукасл закажана за по репрезентативната пауза.

 

Се вчитува...