Маркус Рашфорд никогаш не бил посреќен, но дали останува во Астон Вила?

Англискиот репрезентативец Маркус Рашфорд ја „оживеа“ кариерата со преминот во Астон Вила. Игра се подобро за тимот од „Вила Парк“, а тоа го потврдува со фантастичните настапи.

Според англиските медиуми Рашфорд никогаш не бил посреќен, но и покрај тоа постои неизвесност дали клубот ќе ја активира откупната клаузула од 40 милиони евра за постојан трансфер.

„Тешко е да разговараме и да планираме сега. Зависи многу од ситуацијата во следните недели. Рашфорд се чувствува комотно и игра добро. Го одигра својот најдобар натпревар против ПСЖ. Ние сме презадоволни“, изјави Унаи Емери.

Се вчитува...