Маркус Рашфорд повторно и се нуди на Барселона

Според шпанскиот Мундо Депортиво, Маркус Рашфорд сериозно размислува за заминување од Манчестер Јунајтед ова лето и ја одредил Барселона како своја омилена дестинација.

Англискиот фудбалер наводно го ангажирал влијателниот агент Пини Захави, кој има добри односи со челниците на Барселона, вклучувајќи го и претседателот Жоан Лапорта. Захави ги претставува и тренерот Ханси Флик и Роберт Левандовски, што дополнително ја зајакнува можноста за соработка.

Рашфорд е подготвен да ги намали своите финансиски барања за да го олесни трансферот, а разговорите за евентуална позајмица на „Камп Ноу“ наводно веќе започнале. Барселона бара решение на левото крило со оглед на тоа што Ансу Фати не ги оправда очекувањата. Рашфорд во вториот дел од сезоната настапуваше за Астон Вила каде постигна четири гола и забележа шест асистенции, но поради повреда најверојатно ќе го пропушти крајот на сезоната.

Астон Вила има опција да го откупи договорот на Рашфорд за 40 милиони фунти, но ваквиот развој на настаните е удар за нивните планови.

Се вчитува...