Мармуш го однесе Сити во 1/4 финалето на ФА Купот (ВИДЕО)

Само три дена по триумфот над Манчестер Јунајтед, екипата на Њукасл не успеа да направи уште еден подвиг против вториот тим од Манчестер, тимот на Сити, и загуби во 1/8 финалето во ФА Купот, со што е елиминиран од ова натпреварување.

И покрај брзото водство преку Барнс, на крајот „црно-белите“ потклекнаа против расположениот тим на Пеп Гвардиола, кој во продолжението од натпреварот постигна три гола, за конечна победа од 1-3.

Савињо во 39. минута на асистенција на Доку донесе „егал“ за гостите. Херој на Сити беше Омар Мармуш, кој со два гола во вториот дел го запечати пласманот на Сити во меѓу најдобрите осум. Првиот гол го постигна во 47. минута, а во 65. минута истиот играч го постави конечниот резултат.

Се вчитува...