Џампјеро Гасперини го прифати големиот предизвик да седне на клупата на Рома, а управата на „римската волчица“ по преговори со бројни потенцијални засилувања конечно успеа да комплетира еден трансфер во овој преоден рок.
Нил Ел Ајануи е ново име во таборот на Рома откако римскиот клуб се согласи да плати 25 милиони евра на неговиот досегашен клуб Ленс. Овој 24-годишен фудбалер е роден во Франција, но има марокански родители и настапува токму за оваа африканска селекција.
Тој беше член на Ленс од 2023 година, а вкупно во францускиот шампионат во кариерата собра 130 настапи, притоа постигнувајќи 17 погодоци.
Рома за утре закажа уште една промоција, ирскиот напаѓач Еван Фергусон денеска пристигна во „вечниот град“, а утре по деталните прегледи и официјално ќе го потпише договорот за едногодишна позајмица од редовите на Брајтон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

