Мароканецот од Челси не може да најде клуб, го „откачи“ и Спартак Москва

Спартак Москва имал можност пред неколку дена да го потпише мароканскиот репрезентативец Хаким Зијеш. Тој наводно му бил понуден на рускиот клуб, меѓутоа барал преголема плата од 5 милиони евра годишно, што е премногу за Спартак.

Покрај тоа Спартак дознал за проблемите на коленото на фудбалерот, па така се откажал од можноста да го земе во своите редови.

Ал Наср имаше обид да го ангажира играчот на Челси, меѓутоа играчот не ги мина лекарските прегледи. Сините сакаат да го продадат, меѓутоа засега тоа не им оди од рака, со што фудбалерот прво мора да ги реши проблемите со коленото, а потоа и да ја намали својата плата ако сака следната сезона да игра во некој друг клуб.

Се вчитува...