Актуелните светски шампиони Французите се очигледни фаворити, додека пласманот на Мароко во финалето со Аргентина би била можеби најголемата сензација во историјата на натпреварувањето.
Со влезот во полуфиналето, избраниците на Валид Реграги го постигнаа најголемиот успех во историјата на африканскиот и арапскиот фудбал, а секој чекор понатаму би означувал уште поголем дострел. Иако во улога на аутсајдери, Мароканците ќе можат да сметаат на поддршка од трибините.
Според француските медиуми од 69 илјади гледачи на стадионот Ал-Бајт, дури 55 илјади од нив ќе навиваат за африканската репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА